Скопје, 26 декември 2012 (МИА) – Министерството за финансии по основ на доспеани државни хартии од вредност денеска врати во стопанството 1.505 милиони денари (25 милиони евра).

 

Оваа пракса, соопштија од Министерството за финансии, ќе продолжи и во првиот месец од следната година, кога по основ на доспеани записи ќе исплати во стопанството 7 милијарди денари (114 милиони евра).

 

– Средствата кои се прибираат во буџетот со издавање на државни хартии од вредност се враќаат повторно во економијата со исплатата на оние кои ги купиле записите или директно со исплати на државата на фирмите за поврат на ДДВ, за субвенции на земјоделците, за плаќање на градежните фирми за извршени работи, за изградба на училишта, болници итн, се појаснува во соопштението.

 

Меѓународните институции како Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд оддадоа признание на фискалните политики на Република Македонија во оваа сфера оценувајки ја како ниско задолжена земја.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.