12 октомври 2018, Индонезија – Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе има обраќање на настан од високо ниво во рамки на Годишните средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. На панелот на кој ќе се обрати Тевдовски ќе говори и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гурија.

Министерот Тевдовски ќе зборува на тема „Спроведување на целите за одржлив развој во светот кој се менува: локализација, инклузивност и инвестирање во резултати“. Тој ќе се осврне на целите за одржлив раст и реформите кои се прават во земјава за остварување на тие цели.

На панелот на кој ќе говори Тевдовски, предвидено е свое обраќање ќе имаат и претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер, како и извршниот директор на Светската програма за храна (ВФТ) Дејвид Бизли.

Настанот започнува започнува во 9.30 часот по македонско време, а истиот можете да го следите на следниов ЛИНК.

Comments are closed.