Голем интерес за државните записи кои ги понуди Министерството за финансии на денешната аукција. Понудени беа тримесечни државни записи со и без девизна клаузула како и дванаесетмесечни записи со девизна клаузула.
 
На аукцијата на тримесечни државни записи без девизна клаузула вкупната понуда изнесуваше 1.200,00 милиони денари, побарувачката изнесуваше 1.517,06 милиони денари, а реализацијата изнесуваше 902,06 милиони денари. Пондерираната каматна стапка постигната на оваа аукција изнесуваше 9,43%, на годишно ниво. 
На аукцијата на тримесечните државни записи со девизна клаузула вкупната понуда изнесуваше 650,00 милиони денари, а побарувачката беше двојно поголема и изнесуваше 1.326,83 милиони денари, додека се реализираа 650,00 милиони денари. Каматната стапка на оваа аукција беше однапред определена и истата изнесуваше 5,25%, на годишно ниво. 
Понудата на дванаесетмесечните записи изнесуваше 350,00 милиони денари, со огромна побарувачка од 878,35 милиони денари, а реализацијата изнесуваше 350,02 милиони денари. Каматната стапка на оваа аукција беше однапред определена и истата изнесуваше 7,00%, на годишно ниво. 
Состојбата на емитуваните државни хартии од вредност заклучно со денешната аукција изнесува 8.558.200.000,00 денари, (139,3 милиони евра). Имајќи ја предвид состојбата на емитуваните државни хартии од вредност заклучно со 31.12.2008 година која изнесуваше 7.491.110.000,00 денари (122 милиони евра), Министерството за финансии во текот на оваа година вкупно се задолжило преку издавање на државни хартии од вредност 1.067.090.000,00 односно 17,3 милиони евра, и тоа пред се во краткорочни државни хартии од вредност.