Дрвото како симбол на животот е присутно во речиси секоја култура. Садењето на ново дрво значи раѓање на нов живот. Уништувањето на едно дрво значи и уништување на еден живот. Со губењето на листовите на есен и со нивното повторно разлистување на пролет, дрвата симболизираат еден животен циклус.

Дрвото како симбол на животот е присутно во речиси секоја култура. Садењето на ново дрво значи раѓање на нов живот. Уништувањето на едно дрво значи и уништување на еден живот. Со губењето на листовите на есен и со нивното повторно разлистување на пролет, дрвата симболизираат еден животен циклус. Во плодовите на дрвото има семе од кое се раѓа нов живот. На тој начин, дрвото не е само симбол на животот туку е и симбол на бесмртноста и на победата на животот над смртта преку ново раѓање.

Не случајно, во некои средини постои традиција кога ќе се роди нов член во семејството да се посади дрво. Во рајската градина која Бог по своја мерка ја засадил, покрај изобилството од други дрвја, се наоѓало и дрвото на спознанието. Во древните времиња, кога човекот живеел во поголема хармонија со прирорада, шумите значеле сигурност, извор на храна и заштита. Затоа, симболиката на дрвото низ разни форми е присутна кај човекот уште од самиот корен и зачеток на човештвото.

Во денешниот индустријалиэиран свет во кој глобалното эатоплување е најсериоэниот еколошки проблем, судбината на нашите животи директно зависи од судбината на шумите. Едно дрво произведува кислород потребен за десет луѓе, а еден хектар шума апсорбира еден тон јаглерод диоксид годишно. Зелените појаси во градовите значително влијаат на намалувањето на бучавата и на аерозагаденоста. Зелените комплекси во сливните подрачја, ја намалуваат ерозијата на земјиштето и помагаат да се зачуваат изворите. Да се има повеќе зеленило, значи да се живее поубаво, почисто и поздраво.

Минатата година бевме соочени со катастрофа од огромни размери. Пожарите ниэ Македонија зафатија 35.000 хектари површина и безмилосно уништија значителен дел од македонските шуми. За неколку недели беше уништена шума која беше резултат на повеќедецениски раст. Покрај економската штета, пожарите имаа и далекусежни еколошки последици со директно влијание на квалитетот на живеење. Неконтролираната и дива сеча на шумите и несовесниот однос на некои наши граѓани, исто така придонесуваат за менување на еколошката слика во негативна насока. Доколку тоа ни се повторува и во иднина, а нема акција за надминување на последиците, може да се случи животот за идните поколенија да биде многу полош од оној кој ние денес го живееме.

Затоа, веднаш по пожарите минатата година, се роди идејата за масовна акција за пошумување. Поубава идеја за една акција во која целиот народ ќе биде обединет во заложба за подобра иднина не можеше да биде осмислена. Идејата ја поддржаа видни македонски интелектуалци, естрадни уметници и луѓе кои со својата работа претставуваат гордост на нашата нација. Така, таа прерасна во вистинска државна, мултинационална, граѓанска и пред се човечка акција поддржана од сите совесни луѓе кои се грижат за иднината на своите поколенија. Акцијата во себе вклучи 9.000 стручни лица од 30-тина градови. Таа беше поддржана од Владата на Република Македонија, невладиниот сектор, општините, медиумите како и од бројни естрадни уметници и бизнисмени. Сепак, главен чинител на оваа акција беше народот.

На 12 март 2008 година, на Денот на дрвото, се засадија 2.035.000 садници, онолку колку што нашата држава има граѓани. Сите членови на Владата, како и над 150.000 наши граѓани, засадија дрва и со тоа придонесоа за подобар живот на сегашните и идните генерации. Како партнер на граѓанскиот сектор во оваа акција, Владата ги обезбеди локациите, садниците, организирањето на просторот за садење и неговото расчистување и даде целосна логистичка поддршка на овој настан. Во овој процес беа вклучени ЈП Македонски шуми, Министерството за земјоделие, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Министерството за образование, Министерството эа труд и социјална политика, Дирекцијата эа эаштита и спасување и други институции.

Акцијата започна со засадување на цреша на споменикот на Тоше Проески во Крушево. Црешата со нејзините цветови го означува доаѓањето на пролетта. Таа е симбол на чистотата, на повторното раѓање и на надежта. Таа е симбол на љубовта кон ближните и природата. Сите овие вредности беа толку карактеристични эа големиот македонски уметник и хуманист. Потоа, акцијата се одвиваше на целата територија на државата и беше извршено масовно пошумување на 63 различни локации. Дел од овие локации беа погодени од минатогодишните пожари, а пошумувањето на останатите беше хронична потреба долги години наназад.

Покрај директната придобивка на озеленување, можеби поголема придобивка од оваа акција е подигањето на јавната свест за заштита на животната средина преку личното учество на секој поединец. Освен повозрасните граѓани кои излегоа директно на терен, оваа акција вклучи и и деца од училиштата и од градинките кои симболично садеа дрвца во нивните средини и ги уредуваа дворовите. Овој чин секако значи подигање на еколошката свест кај најмладите и сеќавајќи се на него подоцна низ животот, многу од нив эасекогаш ќе ја негуваат љубовта кон природата.

Чинот на садење дрво во себе содржи повеќезначна и мултидимензионална симболика. Со гранки кои го допираат небото и со корења кои се длабоко во земјата, дрвото митолошки гледано, ја обединува земјата со подземниот свет и со небото. Исконски, за човекот тоа е симбол на обединување и на хармонија на овие три светови. Затоа, можеби најсилната симболика на дрвото, е симболиката на единство. На 12-ти март 2008, на Денот на дрвото, Македонија покажа единство. Рамо до рамо заедно застанаа нашите интелектуалци, земјоделци, бизнисмени, работници, полицајци, војници, професори, студенти, ученици, деца, пенэионери, политичари и службеници. На овој ден целиот наш народ беше единствен. Партиската, верската и националната припадност воопшто не беа важни. Тоа е најсилната порака што Македонија можеше да ја испрати кон соседите и светот во овие историски важни моменти эа иднината на эемјата.

Денот на дрвото е ден на нашето единство. Тоа е голем ден за сите нас.

Зоран Ставревски

Comments are closed.