Министерството за финансии денес продаде 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 1.983.590.000 денари, со каматна стапка од 4,99 отсто, со што продолжува трендот на намалување на каматните стапки.

&nbsp

Од воведувањето на државни хартии од вредност во Република Македонија, ова претставува историски најниската каматна стапка реализирана на аукциите на 6-месечни државни записи. Од воведување на инструментите со девизна клаузула, каматната стапка е намалена за 4 проценти.

&nbsp

На денешната аукција беа понудени државни записи во вредност од 2.000.000.000 денари, додека побарувачката изнесуваше 1.983.590.000 денари.

&nbsp

Во текот на утрешниот ден за отплата достасуваат 3.180.020.000 денари, што споредено со денешниот износ од 1.983.590.000 денари претставува намалување на долгот на државата по основ на издадени државни записи за 1.196.430.000 денари, односно 19,45 милиони евра.

&nbsp

Министерството за финансии продолжува со реализирање на најавите за намалување на каматната стапка на државните записи, како и намалување на износот на задолжување, што воедно претставува и исполнување на барањата на бизнис заедницата. Целта е да се подобри ликвидноста во стопанството, а на фирмите да им се овозможи пристап до капитал по пониски каматни стапки.

Comments are closed.