Буџетот е во добра кондиција. Заклучно со декември вкупните приходи се реализирани со 96,3 проценти од планираното, а буџетскиот дефицит со прелиминарните проекции е на планираното ниво од 2,77 отсто од БДП. Како и минатата година и годинава ќе има навремена исплата на плати, пензии и социјални надоместоци.

&nbsp

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на заедничката прес-конференција со министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами, на која потенцира дека сето ова создава основа во почетокот на 2010 година да се влезе со фискална стабилност и да се врши навремена исплата на планираните буџетски средства.

&nbsp

– Република Македонија успеа во 12. месеци од 2009 година редовно да ги врши исплатите на пензиите во првата недела од месецот што не беше случај пред три-четири години кога пензиите се добиваа по категории од 15 до 20 во месецот, рече министерот Ставрески и додаде дека на првиот работен ден од оваа година се исплатени 94 милиони денари  социјални помош за туѓа нега, а денеска се префрлени средствата за исплата на пензиите, кои пензионерите може да ги подигнат од своите трансакциски сметки.

&nbsp

Министерот за труд и социјална политика појасни дека 52 илјади граѓани корисници на социјални примања, како и корисници на постојана парична помош, ги добиваа средствата навреме, само имало задоцнување кај категоријата корисници на помош за туѓа нега која за декември доцнела од технички причини.

&nbsp

Одговарајќи на новинарско прашање министерот за финансии истакна дека денешната аукција на државни записи со девизна клаузула, не е поврзана со пензиите, појаснувајќи дека пензиите се веќе исплатени, а аукцијата не е завршена.

&nbsp

 

Тој додаде дека на аукцијата се оди со помал износ за околу 600 милиони денари во однос на просекот од лани и со пониска камата и изрази уверување дека оваа тенденција ќе продолжи и во следните месеци.

&nbsp

Како што поосчи Ставрески, за годинава политиката е да се оди со намалување на износите на аукциите со цел помалку средства да се истиснат од банките, односно повеќе пари да можат да пласираат во стопанството.(МИА)

.

Comments are closed.