27 септември 2019 година, Скопје – Заменик министерот за финансии, Ширет Елези оствари средба со заменик-амбасадорката на УНДП во Македонија, Нарине Сахакјан. Со заменик-амбасадорката разговараа за спроведување на активностите во делот на Проектот “Унапредување на општинското владеење“.
 

Овој проект се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации и се реализира во соработка со Министерството за финансии.

Особено се осврнаа на делот на јакнење на финансиските капацитети на општините. Во овој дел ќе се спроведува обука за вработените во општинска администрација. Ќе се изработи и анализа за локалните приходи во земјите на ЕУ. Врз основа на анализата ќе се даде предлог за нови мерки кои би ја подобриле финансиската состојба на општините.

Comments are closed.