Picture1

Проф. д-р
Николче Јанкуловски

Заменик министер

Николче Јанкуловски е доктор на економски науки.

Во 2006 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридскиво Битола, а магистрирал на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методијво Скопје во 2009 година. Во 2012 година, со одбрана на докторскиот труд со наслов „Финансирање на единиците на локалната самоуправа во контекст на рамномерниот регионален развој во Република Македонија“ на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методијво Скопје се стекнал со научен степен – доктор на економски науки.

Професионалниот кариерен развој го започнува во 2006 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, катедра за агроекономски развој, Факултет за биотехнички науки, и тоа од 2006 до 2009 како помлад асистент, од 2009 до 2012 година како асистент, потоа од 2012 до 2017 година доцент, од 2017 до 2022 како вонреден професор и од декември 2023 година е избран за редовен професор во наставно-научните области: финансии и економика во аграрот.

Тој е автор или коавтор на 80 рецензирани научни трудови објавени во референтни меѓународни научни списанија, меѓународни научни публикации или презентирани на конференции во земјата и/или странство (дел од трудовите се објавени во публикации индексирани во некоја од следниве бази: Scopus, Thomson Reuters, Web of Science – Emerging Sources Citation Index, Ebsco, Google Scholar, Research Gate). На објавените трудови се евидентирани 140 цитирања на Google Scholaр (трудови во прилог).

Автор е и на рецензираното учебно помагало „Сметководство во агробизнис“и на авторизирани предавања по предметот Финансиски менаџмент.

Јанкуловски бил вклучен и во реализација на бројни проекти финансирани од Европската Унија, компонента за прекугранична соработка, Темпус, Еразмус и др.

Остварил бројни академски мобилности во Чешката Република, Р. Хрватска, Р. Србија, Р. Косово, Р. Бугарија, преку Централноевропската програма за размена за универзитетски студии (CEEPUS), Еразмус, КОСТ (European Cooperation in Science and Technology COST) и др.

Во периодот од 2015 до 2019 година бил продекан за наука и меѓународна соработка, како и координатор за Еразмус.

Од 2020 година е член, а од 2023 па до денес и претседател на Сенатот на Универзитетот „Климент Охридскиво Битола.

Бил активен член на советот на Општина Битола во два мандата, од 2013 до 2017 и од 2017 до 2021 година. Член е на комисиите за финансии, млади и спорт, безбедност.

Оженет е и татко на две деца.

Зборува македонски и англиски јазик.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.