Twinning Project MK11 IB FI 01
“Strengthening the medium term budgeting for effective public financial management”
Основни информации:
Име на проектот: „Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“
Корисник: Министерство за финансии, Сектор за буџети и фондови
Имплементиран од: ХАУС Фински институт за јавен менаџмент
Период на имплементација: 01 Декември 2015 – 20 Ноември 2017
Вредност: 1.100.000,00 ЕУР
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Националната ИПА Програма ТАИБ 2011
Краток опис:
Главна цел на твининг проектот ,,Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии,, е да обезбеди одржливост на јавните финансии и нивно поефикасно управување. Активностите во рамки на овој проект ќе бидат насочени кон утврдување на програмска класификација на расходите, зајакнување на капацитетите за среднорочно планирање и известување согласно методолоијата ESA, а сè со цел унапредување на квалитетот на јавните расходи.
Компоненти:
- Компонента 1: Понатамошно зајакнување на програмското буџетирање – Оваа компонента се очекува да резултира со подобрена програмска класификација и развиени процедури за дефинирање, мониторинг и известување на програмските индикатори.
- Компонента 2: Подобрено среднорочно буџетирање – Оваа компонента ќе резултира со подобрен капацитет на Секторот за Буџет и фондови и на пилот буџетските корисници за среднорочни фискални проекции и развивање на среднорочна рамка на расходи.
- Компонента 3: Подобрено фискално известување – Оваа компонента ќе резултира со развиен капацитет на Министерство за финансии за фискално известување во согласност со стандардите на ЕУ и барањата во областа на јавните финансии.
Експерти од Финска, Словенија, Австрија и Холандија ќе соработуваат со експерти од Министерство за финансии во бројни активности кои се планирани со временската рамка на проектот. Покрај Секторот за буџети и фондови, соработка ќе се оствари и со Секторот за трезор, Секторот за даночна и царинска политика, Секторот за макроекономија и Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг во Министерство за финансии, како и Управата за јавни приходи и Државниот завод за статистика.
За дополнителни информации:
Постојан твининг советник Г-а Јонна Бергхал
Соработник на постојаниот твининг советник, Г-дин Мартин Новески
Асистент на проектот Г-а Катерина Димовска