Во организација на Министерството за финансии, утре, 9.6.2017 година, ќе се одржи иницијален состанок за „Програмата за економски реформи“ на кој со поздравен говор ќе се обратат министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, Вилем Ное, претставник на Директоратот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија и Маржена Кисиелевска, раководител на одделот за Југоисточна Европа во ОЕЦД.
Настанот започнува во 10:45 часот во хотел Холидеј ин.

Comments are closed.