Инструмент за претпристапна помош – ИПА
Одделение за ИПА и НПАА
Одделението за ИПА и НПАА ги врши работите кои се однесуваат на: координирање на активностите поврзани со техничко спроведување, следење и известување за ИПА проектите од Националните ИПА ТАИБ програми кои се управуваат преку децентрализираниот систем на управување со ИПА (ИПА – ДИС) и други работи поврзани со функционирањето на ИПА – ДИС, врз основа на потпишаниот Оперативен договор меѓу Министерството за финансии и Програмскиот службеник за авторизација (ПАО) и „Упатството на НАО за ефикасно спроведување на ДИС“; координирање на активностите поврзани со програмирање на средствата од ИПА и управување на ИПА проектите за потсекторот управување со јавни финансии. Дополнително, одделението врши подготовка, следење и известување за спроведувањето на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии /годишните акциски планови и другите стратешки документи поврзани со користењето на ИПА средствата за потсекторот управување со јавни финансии; обезбедува стручно – административна поддршка во функционирањето на Секторската работна група за управување со јавни финансии и Советот за управување со јавни финансии; ја координира подготовката и ја следи реализацијата на мерките и активностите од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) и други активности поврзани со процесот на европска интеграција кои се во надлежност на Министерството за финансии.
Проекти на Министерството за финансии финансирани од ИПА ТАИБ (ИПА 1)
ИПА ТАИБ 2009 година
Во рамки на Националната програма за ИПА компонента 1 – ТАИБ за 2009 година, Министерството за финансии се јавува како корисник на следните проекти:
- „Проект за јакнење на капацитетите на Министерството за финансии за макроекономска анализа и формулирање на политики. Како поддршка на овој твининг проект се обезбеди техничка помош преку „Проектот за инсталирање и приспособување на апликација за база на податоци за статистички анализи“.
- „Проект за поддршка на КАО/НАО за фазата на пред-акредитациска проценка за национална акредитација на мерката 501 – техничка мерка на ИПАРД програмата“.
- „Проект за техничка помош на Националниот координатор за авторизација/ Национален фонд за зајакнување на улогата на супервизија врз системите за управување и контрола на оперативните структури за сите компоненти на ИПА“.
- „Набавка на канцелариски мебел и опрема за Министерството за финансии и Секретаријат за европски прашања“ со цел зајакнување на техничките капацитети на овие две институции.
ИПА ТАИБ 2010 година
Во рамки на Националната програма за ИПА компонента 1 – ТАИБ за 2010 година, Министерството за финансии се јавува како корисник на следниот проект:
- „Проект за натамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на движење на капитал, плаќање и финансиски услуги-пазарот на хартии од вредност и инвестициони услуги“.
ИПА ТАИБ 2011 година
Во рамки на Националната програма за ИПА компонента 1 – ТАИБ за 2011 година, Министерството за финансии се јавува како корисник на следните проекти:
- “Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефективно управување со јавните финансии“.
- „Развој на предлози за имплементација на современ интегриран информациски систем за управување со јавните финансии“.
- „Зајакнување на функциите обезбедување на квалитет и верификација на трошоци на Секторот за ЦФСД во Министерството за финансии како договорен орган за програмите финансирани преку ИПА Компонента 1, 3 и 4“.
ИПА ТАИБ 2012 година
Во рамки на Националната програма за ИПА компонента 1 – ТАИБ за 2012 година, Министерството за финансии се јавува како корисник на следните проекти:
- „Проект за јакнење на капацитетите за ефективно управување и ревизија со фондовите на ЕУ“.
- „Проект за натамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на даночното право“.
- Проект за натамошно усогласување со ЕУ во областа на осигурувањето и зголемување на пазарното работење.
- „Имплементација на Проценка на јавните расходи и финансиската отчетост – ПЕФА 2015“.
- „Набавка на разновидна опрема, канцелариска опрема и возила од надлежните органи за управување и ревизија на ЕУ фондови“.
Проекти на Министерството за финансии финансирани од ИПА 2018 (ИПА 2)
Проектите на Министерството за финансии од ИПА 2018 помошта за потсекторот управување со јавни финансии се спроведуваат преку системот на директно управување со ИПА средства од страна на Делегацијата на ЕУ.
Министерството за финансии се јавува како корисник на следните проекти:
Твининг проект „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“. За повеќе информации околу овој проект, посетете го следниот линк: https://www.finance.gov.mk/mk/node/8572
Твининг проект „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“. За повеќе информации околу овој проект, посетете го следниот линк: https://www.finance.gov.mk/mk/node/8537