Скопје, 15 јули 2015 (МИА) – Министерството за финансии исплати 120.079.652 денари субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко.

Средствата им се исплатени на 6.446 сточари. Поддршката изнесува 3,5 денари за секој произведен и продаден литар млеко.

Воедно, Министерството денес исплати и 4,6 милиони денари на граѓаните од Кривогаштани, како надомест на штетите од поплавите во јануари и февруари годинава.

Comments are closed.