ПОВИК ДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ 2018 – 2020 ГОДИНА

Ви ја претставуваме нацрт Програмата на економски реформи за 2018 – 2020 година (ПЕР 2018), која Владата на Република Македонија ќе ја достави до Европската комисија до 31 Јануари 2018 година, по усвојување на нејзиниот текст.

Со подготовка на ПЕР, Владата на Република Македонија од 2014 година се приклучи кон пристапот на Европската комисија за поддршка на долгорочен раст и конкурентност преку економското управување како клучен столб во процесот на проширување, со цел да се обезбеди подобро известување за националните планови за економски политики, вклучително и потребните структурни реформи.

Нацрт ПЕР 2018 е подготвена преку веќе воспоставениот национален процес на консултации централно координиран од страна на Министерството за финансии. Документот е изработен согласно „Водичот за програми за економски реформи“ издаден од Европската комисија во Април 2017 година. Во изработката е користена експертска поддршка од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Со оглед на важноста на овој документ и потребата тој да биде квалитетно изработен, се спроведува процес на широка вклученост на заинтересирани страни. Затоа ги покануваме: бизнис заедницата, универзитетите, локалните власти, социјалните партнери, граѓанскиот сектор и другите чинители и заинтересирани страни за активен придонес во процесот на изработката на документот.

Вашите мислења, коментари и предлози може да ги доставите најдоцна до 8 Декември 2017 година на следните е-маил адреси:

Andrija.Aleksoski@finance.gov.mk координатор на Програмата на економски реформи

Bojana.Ilievska@finance.gov.mk

Покрај тоа би сакале да Ве поканиме на консултативен состанок на 5 Декември 2017 година во 12 часот, во просториите на Министерството за финансии. Заради ограниченост на просторот, ве молиме да се пријавите за учество на состанокот најдоцна до 1 Декември 2017 година на горенаведените е-маил адреси.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.