Агенцијата „Фич“ денеска објави дека кредитниот рејтинг на Македонија се подобрува од негативен во стабилен. Рејтингот е подобрен врз основа на високата фискална дисциплина, стабилноста на јавните финансии, ниското ниво на јавниот долг, како и обновувањето на девизните резерви на едно стабилно ниво.

&nbsp

– Македонија во сите овие- сегменти, како и во општите услови за водење бизнис има подобрување и според „Фич“ тоа се сегментите кои се силни страни на проценката на рејтингот на Макеоднија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

&nbsp

Според него, подобрувањето на рејтингот е исклучително добра позитивна вест што покажува дека напорите на Владата и на сите субјекти во Македонија да се подобрат економските услови, да се стабилизира економијата и меѓународните рејтинг агенции како што е „Фич“ веќе тоа го нотираат.

&nbsp

Подобрувањето на рејтингот, според министерот за финансии, е значаен сигнал за инвеститорите, како и за намалувањето на трошоците при евентуално издавање во иднина на еврообврзницата.

&nbsp

– Тоа е значаен сигнал за инвеститорите во светот. За оние што сакаат да инвестираат секоја ваква промена на рејтингот која го подобрува во стабилен покажува дека земјата е добра дестинација за инвестиции, истакна министерот Ставрески.

&nbsp

Секое подобрувањето на рејтингот, како што посочи, ќе помогне каматната маргина на еврообврзниците и постојните, но и евентуално на нови што би се издале во 2011 година да се намали, бидејќи, потенцира, Македонија во основа има здрави еконмски политики и силни базични фундаментални политики кои во цената на нашата еврообврзница досега не беа целосно препознаени, бидејќи на некој начин го трпиме трошокот од кризата во соседството, од кризата на една соседна земја и пошироко во регионот.

&nbsp

– Емитувањето нова еврообврзнице секако е опција за Владата и секое подобрување на рејтиногот е добар сигнал во таа насока, рече Ставрески и додаде дека тоа останува како една од најверојатните опции во следните години.(МИА)

Comments are closed.