Министерството за финансии по основ на државни записи ќе исплати во стопанството, на нето основа, 950 милиони денари. Денеска на аукција на шестмесечни записи беа продадени 1.680.980.000 денари со девизна клаузула и 160.000.000 денари без девизна клаузула.

&nbsp

Утре, како што информираат од Министерството за финансии, по основ на доспеани државни записи, Министерството за финансии ќе исплати 2.790.200.000 денари или 950 милиони денари повеќе отколку што повлече денеска.

&nbsp

Со ова Министерството постепено го спроведува барањето на бизнис заедницата за намалување на задолжувањето по основ на државни записи, а при тоа да не предизвика потреси на пазарот на капитал, велат оттаму.

&nbsp

Владата на Република Македонија, додаваат, останува доследна на определбата за подобрување на ликвидноста на стопанството по светската економска криза.(МИА)

Comments are closed.