Министерството за финансии денес го достави и објави предизборниот финансиски извештај, во кој даде детален преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот на Република Македонија по ставки, во периодот од 1.1.2014 до 14.2.2014.

Извештајот е уредно доставен до Државната изборна комисија. Ова е согласно последните измени и дополнувања на Изборниот законик (Сл. весник на РМ бр. 14 од 24.1.2014 година, член 2 став 4) каде е уредена обврската Министерството за финансии да поднесе и објави предизборен финансиски извештај две недели по распишување на изборите.

Comments are closed.