Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни записи, предвидена со календарот за аукции.
 
Од Министерството за финансии велат дека предвидената аукција нема да се одржи во интерес на намалување на задолжувањето на домашниот пазар преку издавањето на државни хартии од вредност. Преку намалување на износите на задолжување Министерството за финансии, како што велат оттаму, продолжува со настојувањата за подобрување на ликвидноста во стопанството и овозможување полесен пристап до капитал за фирмите по пониски каматни стапки.
 
Во контекст на барањата на бизнис заедницата Министерството за финансии во 2010 година ја намали каматната стапка на државните записи за речиси еден процентен поен.(МИА)