Кога се говори за издавање на евро обврзницата граѓаните треба да имаат во предвид дека постои т.н. бенчмарк односно минимална граница на износ кој што се издава и кој што предизвикува дополнителен интерес кај инвеститорите, објаснува министерот Кирил Миноски во Дневникот на Сител.
-Доколку тој износ е поголем од 500 милиони евра во тој случај е поголем интересот на инвеститорите. Тоа значи дека можноста за да се добие поповолна каматна стапка е поголема. Со оглед на тоа дека во декември 2015 година е блокиран тој процес, Р.М. платила повисока камата од каматата која што можела да ја оствари доколку износот би бил 500 милиони евра. Во тој случај сега немаше да имаме потреба да издаваме нова евро обврзница, објаснува Миноски.
Тоа, објаснува министерот, е еден негативен ефект кој што се должи на таа негативна и деструктивна политика која што се спроведува од страна на опозицијата.
-Ние туку што се вративме од едно инвестициско роуд шоу кое што е поврзано со евро обврзницата на кое што имавме интензивни разговори со над 50-на инвеститори и на сите разговори, покрај прашањата кои се однесуваа на политичката криза ние интензивно разговаравме и за економските параметри. И врз основна на сте економски параметри Македонија предничи и во делот на деловно опкружување Македонија е подобро и од параметрите на некои развиени западно европски држави. Тоа покажува доверба кај инвеститорите за да инвестираат во Македонија. Тоа е сигурност дека и во иднина оваа влада води одговорна политика, како во однос на фискалниот дефицит, појаснува Миноски.
Првиот начин на кој што влијае кризата е забавување на капитални инвестиции.
-Познато е дека на два пати беа закажани изборите. во временски период на предизборие постои посебен режим на спроведување на јавни набавки. Тоа значи успорување на инвестициската активност. Втора работа е психолошкиот ефект, позната е паниката која што се ширеше помеѓу граѓаните за да се повлекуваат депозити и тоа е директна економска тета врз буџетот на граѓаните на Македонија, затоа што во валутна конверзија крајната цена ја платија граѓаните, а не претставниците на опозицијата, објаснува министерот.
Политиката на ниски даноци треба да продолжи и во иднина затоа што ние како Влада веруваме пред се во граѓанинот, во пазарот и во неговата ефикасност како и во приватниот сектор, вели министерот за финансии.
-Сите мерки кои оваа влада ги презема се во таа насока, заклучува Миноски.