31 јануари 2019 година, Скопје – По сеопфатните консултации со сметководителите и со експертите од оваа област, Министерството за финансии утврди нов текст на Предлогот на закон за вршење на сметководствени работи.
Во него се вградени најголем број од добиените забелешки и сугестии со единствена цел преку предложените решенија да се овозможи одржлив развој и саморегулација на сметководствената професија, воспоставување и спроведување на професионални стандарди и заштита на јавниот интерес.
Решенијата се во насока на слободен влез во сметководствената професија. Стекнувањето искуство во вршење сметководствени работи пред и по завршувањето на стручниот испит за сметководителите ќе се смета за релевантно. Истовремено се намалуваат трошоците на правните сбјекти кои не вршат сметководствена дејност во делот на водењето на сметководството.
Со новиот закон се унапредува процесот на континуирано професионално усовршување согласно со меѓународно прифатените стандарди и се овозможува поголема инклузивност и транспарентност во работењето на Институтот.
Со новите одредби Институтот ќе започне и во континуитет ќе има обврска да ги преведува меѓународите стандарди за финансиско известување и ќе ги воспостави потребните стандарди за влез на Институтот во IFAC.
Предлог-текстот на законот можете да го најдете тука.