МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
Министерството за финансии врз основа на член 22 став 8 Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ, бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015 и 27/16), член 22 став 1 алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии, објавува
ОГЛАС БРОЈ 1/2016 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ
Министерството за финансии објавува оглас за вработување 1 (едно) лице на определено време, до истекот на мандатот на министерот за финансии, на следново работно место:
1. Посебен советник за прашања поврзани со второстепена управна постапка, управни спорови, наплата на побарувања и имотно правни работи – (1 извршител)
Потребни квалификации:
- стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен правни науки и положен правосуден испит;
- најмалку 5 години работно искуство во струката и тоа во државна служба;
- познавање на англиски јазик;
- познавање на работа со комјутер;
- дневно работно време од 8:30 до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок;
- основна нето плата 53.500,00 денари.
Заинтересираните кандидати треба да достават: кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса; фотокопија од уверение за државјанство, фотокопија од диплома за завршен факултет кој се бара за работното место, фотокопија од уверение за завршен правосуден испит, извод од ПИОМ за доказ на бараното работно искуство (период евидентиран во агенција за вработување како работен стаж), дипломи и сертификати за докажување на познавање на англиски јазик и компјутери.
Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:
Министерство за финансии
ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување“)
На ковертот да се наведе бројот на огласот, со напомена: „Не отворај“.
Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледана.
По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерството за финансии.
Министерството за финансии ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Лица за контакт:
Верица Стоилова – тел. 02/ 3255 619; verica.stoilova@finance.gov.mk
Александра Лулкоска – тел. 02/ 3255 760; aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk