ПОВИК за пријавување за сертификација на внатрешни ревизори во рамки на Програмата за обука и сертификација на внатрешни ревизори во јавниот сектор во Република Македонија
ПОВИК за пријавување за сертификација на внатрешни ревизори во рамки на Програмата за обука и сертификација на внатрешни ревизори во јавниот сектор во Република Македонија
Министерството за финансии од втората половина на месец септември 2014 година, во соработка со Центарот за развој на финансиите (Center of Excellence in Finance-CEF) и Овластениот Институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy-CIPFA), ќе започне со реализација на вториот циклус на Обуката на внатрешни ревизори во јавниот сектор во Република Македонија (Training of Internal Auditors in the Public Sector – TIAPS).
Пријавените кандидати за учество во обуката треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се вработени во единица за внатрешна ревизија во субјект од јавниот сектор на Република Македонија и
- Да имаат завршено високо образование.
Сите лица кои се заинтересирани за стекнување на сертификат за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, потребно е до Министерството за финансии да ги достават следните документи:
- Уверение за завршено високо образование,
- Копие од решение за вработување и распоредување на државен службеник,
- Образец за пријавување на македонски и англиски јазик (mk) (en)
- Изјава за согласност на одговорното лице(тука)
Документите е потребно да се достават најдоцна до 12.09.2014 година (петок) на следната адреса:
Министерство за финансии
ул. Даме Груев бр.14
1000 Скопје
Со назнака: Обука на внатрешни ревизори во јавниот сектор
Пријавените кандидати ќе бидат вклучени во програмата за квалификација, односно воведна работилница од областа на основите на сметководството и ќе полагаат испит, врз основа на кој ќе се изврши селекција на 40 кандидати.
Министерството за финансии со избраните кандидати ќе склучи Договор за обука на внатрешни ревизори во јавниот сектор.
Избраните кандидати дополнително ќе бидат известени за датумот на почеток на Обуката.
Обуката се реализира преку посета на предавања. Бројот на наставни предавања за секој од трите меѓународни модули е десет, додека за националниот модул бројот на предавања е пет.
Предавањата за секој од трите меѓународни модули ќе се одржуваат во текот на два календарски месеци, а предавањата за националниот модул ќе се одржуваат во текот на еден календарски месец, врз основа на утврден распоред. Времетраењето на едно предавање е осум часа.
За секој модул се предвидени по два испитни рока, испитите ќе се одржуваат во сабота и времето за полагање на секој испит е три часа.
Лицa за контакт:
Николина Алексовска
E-адреса: nikolina.aleksovska@finance.gov.mk
Аритиа Тутаркова
E-адреса: aritia.tutarkova@finance.gov.mk
Tелефон за контакт: 02/3230-378