15 октомври 2014, Скопје – Заменик министерот за финансии Ардиан Џеладини и нерезидентниот амбасадор на Виетнам Ле Дук Лу денес ги потпишаа договорите за одбегнување двојно оданочување помеѓу Македонија и Виетнам, за заштита од фискална евазија и за заемно поттикнување и заштита на инвестициите.

Со потпишување на овие договори Македонија ја прошири мрежата на склучени билатерални договори за одбегнување на двојното оданочување, а со тоа ги унапредува економските односи и билатералната соработка со Виетнам. Овие договори ќе овозможат послободен проток на луѓе, капитал, доход и услуги кај двете земји и  ќе ги поттикнат меѓусебните инвестиции.

Се очекува потпишувањето на договорите позитивно да влијае и на контото на трговската размена меѓу Македонија и Виетнам која не е доволно развиена и во 2013 година изнесувала 13,9 милиони евра. Македонија во Виетнам извезува главно тутун, а увезува телефони, кафе, обувки и синтетички влакна.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.