Владата на Република Македонија и Светска банка имаат усогласени ставови за приоритетите на новата тригодишна стратегија за соработка, која ќе вклучува проекти со кои ќе се поддржат реформите во контекст на евроинтеграцијата, од областа на енергетиката и заштитата на животната средина.

&nbsp

Ова го изјавија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и Филип Луру потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија кои денеска во Скопје ги почнаа разговорите за новата Стратегија за партнерство за следните три години.

&nbsp

Според Ставрески, со реформската агенда поврзана со процесот на евоинтеграција, на краток рок ќе се настојува да се зајакне конкурентноста на земјата и да се обезбеди заздравување на економијата, а потоа на среден рок да се остварат резултати во областите поврзани со климатските промени и чиста и обновлива енергија.

&nbsp

– СБ има знаење и финасиски средства да помогне. Ние веруваме дека врз основа на она што денеска го слушнавме ќе успееме да реализираме проекти пред се во енергетиката, во делот на трансмисијата, практично преносните линии со МЕПСО, но и во делот на останатите чисти извори на енергија преку изведба на еден или два проекти во делот на хидроелектраните, рече Ставрески.

&nbsp

Било разговарано и за помошта на СБ во делот на човечкиот потенцијал, во делот на изградба и зајакнување на капацитетите бидејќи, како што посочи, тоа е една од областите од исклучително значење за конкуретноста на Македонија, а дополнителни инвестиции ќе бидат потребни и во образованието и социјалната заштита.

&nbsp

Луру, од своја страна, упати пофалби до Владата за успешното справување со кризата постигнувајќи релативно скромно намалување на БДП и имајќи ги макроагрегатите под контрола.

&nbsp

– Мислам дека една од лекциите кои што беа научени зошто Македонија не беше толку погодена од кризата што го зафати регионот бидејќи управувањето на макро-полето беше доста силно. Го велам ова бидејќи гледајќи нанапред треба да го искористиме овој доста добар инструмент на добро управување на макро ниво, рече Луру.

&nbsp

Запрашан за колкава сума се разговара, Ставрески рече дека точниот износ треба да се утврди дополнително, најверојатно во текот на пролетните средби на СБ и ММФ. Тогаш ќе се утврди колкаво ќе биде зголемувањето на капиталот на ниво на СБ, односно колку развиените земји ќе дадат дополнителни средства за зголемување на капиталот на Банката, од што, рече Ставрески ќе зависи и износот на средства што ќе биде определен за другите држави и за Македонија.

&nbsp

За тоа дали може да се бараат пари од СБ за буџетска поддршка, тој посочи дека Банката веќе и доделила буџетска поддршка на Македонија и при крајот на овој месец ќе биде потпишан договорот за првиот развоен проект за поддршка на буџетот во износ од 30 милиони американски долари.

&nbsp

– Очекуваме во текот на 2010 да биде одобрен и вториот дел од овој проект, односно да добиеме уште еден проект со кој ќе бидат поддржани реформите во делот на управувањето со јавните финансии и останатите сегменти на буџетот. Сличен износ очекуваме и за вториот проект, додаде министерот за фианансии Ставрески.(МИА)

Comments are closed.