Скопје, 7 февруари 2013 (МИА) – Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, евроамбасадорот на ЕУ Аиво Орав и амбасадорот на Финска во Македонија Јуха Отман денеска го означија почетокот на Твининг проектот

Скопје, 7 февруари 2013 (МИА) – Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, евроамбасадорот на ЕУ Аиво Орав и амбасадорот на Финска во Македонија Јуха Отман денеска го означија почетокот на Твининг проектот

 

за поддршка на Министерството за финансии и јакнење на капацитетите за макроекономски анализи и формулирање политики.

Проектот има за цел да го поддржи Министерството за финансии за подобрување на економските анализи и вештините за прогнозирање, како и создавање среднорочна и долгорочна макро-фискална рамка преку натамошен развој на капацитетите за макроекономско моделирање и даночни приходи, општествените трошоци и добивки, фискални анализи и подобрување на процесот за буџетско планирање. Проектот започна во декември 2012 година и ќе биде имплементиран во период од две години од страна на ХАУС Финскиот институт за јавен менаџмент и Националната академија за финансии на Кралството Холандија.

Министерот Ставрески истакна дека стекнувањето полноправно членство е врвен национален приоритет на Република Македонија кој ужива целосен консензус во нашата држава и претставува силен мотив и патоказ за реформите на Владата на Република Македонија.

– Истовремено ние сме свесни за предизвиците што претстојат во однос на постигнувањето на оваа цел. Во оваа смисла значајно е за земјата зајакнувањето на капацитетите на јавните институции, секако и на Министерството за финансии, рече Ставрески.

Токму потребата за зајакнување на капацитетите на Министерството за промовирање специфични мерки и активности што треба да се преземат за дополнително зајакнување и зголемување на економскиот потенцијал на земјата, идентификување на изворите на економски раст, како што рече вицепремиерот, ја даде идејата за реализацијата на овој проект.

Во изминатиот период, посочи Ставрески, Владата спроведе бројни реформи во делот на исполнување на економските критериуми за членство во ЕУ и доделување статус на функционална пазарна економија. Повтори дека и Македонија беше изложена на ефектите од глобалната економска криза.

– И покрај тоа, споредено со многу други земји, Република Македонија оствари далеку подобри резултати. Во 2010 и 2011 година забележан е економски раст од 2,9 проценти односно 2,8 проценти, што е меѓу трите најдобри резултати во однос на земјите кандидати за членство во ЕУ и меѓу подобрите резултати во Европа. Ваквите политики на Владата беа прифатени и признаени и во насока на одржување на макроекономската стабилност и од меѓународните рејтинг агенции кои го потврдија кредитниот рејтинг на Македонија, изјави Ставрески.

Главни корисници на проектот се одделите за макроекономска политика, за буџет и фондови, за даночна и царинска политика во рамки на Министерството за финансии.

Во реализизацијата на овој проект Министерството за финансии, нагласи вицепремиерот, ќе соработува со сите други министерства од економската област, со НБРМ, со Државниот завод за статистика, со Управата за јавни приходи и слично, во насока на размена на податоци, но и за подобрување на анализите во однос на економските случувања и извлекување оптимални мерки за формулирање на економските политики во иднина.

Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека активностите предвидени со проектот ќе придонесат за исполнување на економските критериуми и условите од поглавјето 17, кои се услови за процесот за пристапување.
Активностите на проектот ќе се фикусираат на размена на познавањата од областа на економската анализа, предвидувањето и формулирањето на економските политики за да се придонесе кон подобрен квалитет на информациите обезбедени за креаторите на економската политика, што е неопходно за успешни процеси за донесување одлуки.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.