Светска банка во наредните четири години преку новоусвоената партнерска програма ќе поддржи проекти во Македонија во вредност од 200 милиони долари. Ќе бидат поддржани проекти од инфраструктурата, енергетиката, здравството, образованието, социјалната заштита, земјоделството, финансиска поддршка на локалната власт, приватниот сектор. Секоја активност ќе биде дизајнирана за земјата да се подготви за членство во ЕУ.
 
– Новата стратегијата е направена врз основа на рамноправен партнерски однос меѓу Македонија и Светската банка и во неа се вклучени сите приоритети на Владата кои се значајни во процесот на подигнување на стандардите и квалитетот во сите области од живеењето и се она што е обврска на земјата и кон сопствените граѓани и кон ЕУ, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната презентација на Стратегијата која Бордот на директори на СБ ја усвои 22-ри овој месец.
 
Тој додаде дека преку новото партнерство се оцртува рамката за поддршка на оваа меѓунзродна финансиска инститиуција која е во корелација со приоритетите на Владата.
 
Стратегијата ќе биде насочена кон поддршка на земјата на патот кон ЕУ, зајакнување на конкурентната способност, подобрување на макроекономското опкружување, зајакнување на економскиот раст преку зголемување на вработеноста и зајакнување на системот на социјалната заштита.
 
Во првите две годиним, односно во 2011 и 2012 година, ќе бидат инвестирани 100 милиони долари кои ќе бидат наменети за реализација на проекти во енергетскиот сектор, со што ќе се придонесе за намалување на увозната зависност и ќе се подобри енергетското подобрување на Македонија со соседството, а истовремено ќе се зголеми и употребата на чисти и обновливи извори на енергија. Министерот Ставрески информира дека во оваа насока се почнати подготовки за два проекта, за изградбата на далекувод кон Србија, од Штип до Ниш во износ од 19 милиони долари, како и за изградба на браната Луково поле за кое Светската банка ќе обезбеди најмалку 50 милиони долари.
 
Во соработка со Светската банка наредната година Македонија почнува активности за нов регионален проект за осигурување од ризик од елементарни непогоди и други катастрофи. Со проектот ќе им се овозможи да се зголеми пристапот на домаќинствата, малите и средни претпријатија, земјоделците до еден нов финансиски инструмент за осигурување. Вредноста е пет милиони долари, со можност за натамошно зголемување, а ги вклучува Македонија и други пет земји од регионот.
 
Министерот Ставрески информира дека во 2011 година е предвиден и заем за макрофинансиска и буџетска поддршка во износ од 30 милиони долари.
 
– Во 2013 и 2014 година фокусот е на инфраструктурни и енергетски проекти кои се врвен приоритет на Макеоднија, рече министерот и додаде дека во тек се разговори и за поддршка во други области, како образование, здравство и реформите во социјалните сектор.
 
Тој очекува дека ќе биде постигант голем напредок во сите области кои се опфатени со стратегијата.
Банката досега во Македонија има инвестирано 1,100 милиони долари скоро во сите сектори и области, патната и железничката инфраструктура, рехабилитација на еенергетски објекти и изградба на објекти за пренос на електрична енергија, здравството, образваонието, социјалната заштита, земјоделството, финансиска поддршка на локалната власт, на приватниот сектор и слично, рече министерот СТаврески додавајќи дека Светската банка е најзначаен меѓународен партнер на Македонија во периодот на транзиција кој се покажа како стабилен и посветен давајќи посебен придонес во реформите и модернизирањето на сите сегменти.
 
Според постојаниот претставник на Светската банка во Македонија Лилиен Бурунчук, во Македонија на терен може да се забележат реални постигнувања во изминативе години откако е даден првиот заем на Македонија од оваа меѓународна финансиска институција пред 15 години.
 
– Македонија постигна голем напредок во изминатата деценија. Имаше импресивно постигнвуање на макроекономската стабилност, постигна стабилна монетарна политика, подобрување на деловното опкружување, инвестициите се зголемени…, рече Бурунчук и додаде дека сепак се уште има предизвици со кои ќе се соочи.
Меѓу нив ги напомена невработеноста, сиромаштијата, здравството, социјалната заштита, конкурентноста, деловното опкружување и заштита на животната средина.
 
– За да се справиме со овие предизвици Светската банка, Маѓународната финансиска корпорација и Меѓуанродната банка за обнова и развој, се подготвени да помогнат со оваа стратегија која е базирана на агенда на реформи и политики што се во согласност со аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и да се помогне да се справиме со предизвиците и да се спроведат реформите, истакна Бурунчук.
 
Таа истакна дека фокусот ќе биде ставен на пазарот на трудот, конкурентноста, иновации и екологијата. – Важно е, додава, да се знае дека секоја активност ќе биде дизајнирана за земјата да се подготви за членство во ЕУ, рече Бурунчук.
 
Во четиригодишниот период се очекува ИФЦ да обезбеди поддршка на приватниот сектор во вредност од 100 милиони долари кои ќе се насочат во разни сектори.
 
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со предвидените ставки во буџетот за 2011 година за возила и за мерки за намалување на сиромаштијата, министерот за финансии одговори дека нема планирано купување нови автомобили. Тој појасни дека ставката за моторни возила во 2011 година изнессува 1,173 милијарда денари од кои милијарда се за новите автобуси за градот Скопје, за специјални возила на Министерството за внатрешни работи се предвидени 134 милиони денари, како и средства за автомобили купени за нашите дипломатско конзуларни работи. Средствата за намалување на сиромаштијата се планирани на 5,625 милијарди денари од кои за активни политики за вработување се 283 милиони денари, за енергетска сиромаштија 417 милиони денари, за социјални надоместоци 4 милијарди и 650 денари, за згирижување бездомници 15 милиони денари, за здравствено осигурувње на сите граѓани кои не се осигурани по ниеден основ 170 милиони денари и за условени парични трансфери 50 милиони денари.(МИА)