Претседателство со годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка

Во октомври 2007 година Заменик Претседателот на Република Македонија за економски прашања е избран за Претседавач со Генералните собранија на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд што претставува голема чест за Македонија, која како мала земја добива висока функција.

Посебен успех за Македонија е што од 1954 година, ова е прв пат земја од Холандската конституенца на која припаѓа нашата земја, да и се додели оваа значајна позиција. За време на овогодишните средби Македонија беше пофалена за резултатите од економските реформи, квалитетот на политиките и одличната соработка со двете финансиски институции.

За време на годишните собранија Заменик Претседателот на Република Македонија за економски прашања ќе претседава со годишните состаноци на пленарните седници, Заедничкиот комитет за платите на извршните директори и нивните заменици (Joint Committee on Remuneration – JCR of Executive Directors and their Alternates), Комитетот за заеднички процедури и Комитетот за процедури на МИГА (Joint Procedures Committee – JPC and the Multilateral Investment Guarantee Agency Procedures Committee).

За подетални информации кликнете тука.

Позначајни линкови:

Comments are closed.