25 август 2018 година, Скопје – Со растот на платите компаниите бараат начини, но и државна поддршка за унапредување на процесите. Годинава за прв пат е предвидена сериозна поддршка за домашните компании од државниот Буџет, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Капитал.

Овие средства како што потенцира Тевдовски доаѓаат од граѓаните и компаниите кои уредно ги плаќаат своите даноци. Фискалната транспарентност веќе дава резултати. Институциите се должни да обезбедат фер однос и неселективно работење. Во таа насока е подобрен и повратот на ДДВ кон компаниите. Првите седум месеци од оваа година извршен е поврат на ДДВ на фирмите од 12,7 милијарди денари (206,4 милиони евра). Тоа е за 24% повеќе од истиот период лани. Годинава по овој основ се инјектирани 2,5 милијарди денари (40 милиони евра) повеќе во стопанството од минатата година, информира Тевдовски.

Есенва на малите и средни претпријатија ќе им бидат ставени на располање и 100 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка.

Со ова ќе се обезбеди свеж капитал за малите и средни претпријатија, ќе се поддржат нови проекти, нови вработувања и ќе се зголеми ликвидноста во стопанството.

Comments are closed.