2 јули 2019, Скопје – Нема ново нето задолжување со денешната аукција. Имено, на аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 620 милиони денари (10,1 милиони евра), од кои утре ќе се врати ист износ односно 620 милиони денари (10,1 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 620 милиони денари со камата од 0,80%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои ќе се отплатат утре се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 620 милиони денари со камата од 1%.

Во текот на месец јули по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 620 милиони денари или 10,1 милиони евра.

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Comments are closed.