Секторот за управување со средства ги врши работите што се однесуваат на изготвувањето и донесувањето на решенија и други акти во второстепената управна постапка од областа на даноците, царините, акцизите, придонесите и таксите по жалби од правни и физички лица и од вршители на дејност; спроведувањето на постапката по повод вонредни правни средства; изготвувањето на одговори по тужби до Управниот суд и жалби до Виш управен суд; комплетирање на предметите во врска со заведени управни спорови против решенија и други акти донесени во второстепена управна постапка од областа на даноците, царините, акцизите, придонесите и таксите; соработка со Државното правобранителство на Република Северна Македонија; соработка при изготвување на предлозите на закони и меѓународни договори од областа на даноците и царините како и при изготвувањето на правилници, упатства и други подзаконски акти заради единствено постапување во даночната и царинската постапка, следење и примена на прописите од областа на даноците, царините, акцизите, придонесите и таксите и прописите од областа на управната постапка и иницирање на нивна измена, следење на меѓународните договори од областа на даноците и царините и изготвување на информации и извештаи во врска со второстепената управна постапка и управните спорови, следењето и реализацијата на странската помош која генерира Компензациони фондови во целина и по корисници, подготвување на извештаи за работата на Компензационите фондови и Индикативни планови – повеќегодишни и едногодишни за ангажирање на средствата од Компензационите фондови; вршење на техничка и аналитичка обработка на податоците за состојбата со наплата на побарувањата, регулирањето и следењето на управувањето со средствата; соработка при изготвувањето на предлозите за донесување на законски прописи за управувањето со имотот, како и при подготовката на подзаконски акти и други прописи; следењето и анализирањето на спроведувањето на законските, подзаконските и други прописи од оваа област и изготвувањето на мислења за нивната примена, вршењето на техничка и аналитичка обработка на податоците за состојбата со имотот, водење на сметководствена евиденција и изготвување на завршните сметки, преземање на мерки за наплата по добиено известување за наплата од надлежните сектори, водење на евиденција за движен и недвижен имот стекнат во стечајни постапки врз основа на правосилно судско решение, преземање на мерки за стечај или ликвидација и сл. и вршење на други работи во врска со управување со средства.

Клучни контакти:

 

Раководител на сектор

 

Помошник раководител на сектор

 

Одделенија:

 

1. Одделение за второстепена управна постапка од областа на локалните и централните даноци и царина

Маја Трпковска

телефон:02/3255-458

е-пошта: maja.trpkovska@finance.gov.mk

 

2. Одделение за странска помош и наплата на побарувања

Андреј Ангеловски

телфон: 02/3255-446

е-пошта: andrej.angelovski@finance.gov.mk

 

3. Одделение за управување со движен и недвижен имот

Јасмина Зврлевска

телефон: 02/3255-478

е-пошта: jasmina.zvrlevska@finance.gov.mk

 
 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.