Секторот за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош – ИПА ги врши работите што се однесуваат на: финансиско управување со претпристапните фондови на Европската унија за Република Северна Македонија, отворање и управување со банкарските сметки, аплицирање за средства од Европската комисија, одобрување трансфер на средства добиени од Европската комисија до оперативната структура, финансиско известување до Европската комисија, работи непосредно поврзани со Националниот координатор за авторизација (НАО) во однос на законитоста и регуларноста на извршените трансакции пред Европската унија и обезбедување ефективно функционирање на системите за управување и контрола на користењето на ЕУ фондовите и други работи поврзани со работата на Националниот координатор за авторизација (НАО).

Согласно Регулативата за имплементација на ИПА, Националниот координатор за авторизација (НАО) назначен од страна на Владата на Република Северна Македонија e одговорен за финансиско управување на помошта од ИПА и за обезбедување на законитоста и регуларноста на трошоците.

Управувачката структура составена од Националниот фонд и Структурата за поддршка на Националниот координатор за авторизација, даваат поддршка при извршување на функциите на НАО.

Секторот за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош – ИПА во рамките на Министерството за финансии ја извршува функцијата на управувачка структура.

Клучни контакти:

Национален координатор за авторизација (НАО)
Сузана Пенева
телефон: 02/3255-373
е-пошта: suzana.stoimceva@finance.gov.mk

Раководител на сектор
Александра Симјаноска
телефон: 02/3255-302
е-пошта: aleksandra.simjanoska@finance.gov.mk

Одделение Национален фонд
Александра Наковска
телефон: 02/3255-303
е-пошта: aleksandra.nakovska@finance.gov.mk

Одделение за поддршка на Националниот координатор за авторизација
Владо Караманолевски
телефон: 02/3255-309
е-пошта: vlado.karamanolevski@finance.gov.mk

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.