Mеѓународниот монетарен фонд – ММФ (www.imf.org) е меѓународна финансиска институција која e креирана да промовира меѓународна соработка, да одржува девизна стабилност, да го унапредува економскиот растеж и високото ниво на вработеност и да обезбедува привремена финансиска поддршка на земјите членки, со цел да го олесни прилагодуавањето на платниот биланс. 

Основан во 1945 година, ММФ денес брои 189 земји-членки, кои работат на глобална финансиска кооперација, сигурна финансиска стабилност, олеснување на меѓународната трговија, промоција на вработувањето и на економскиот раст и намалување на корупцијата.

ММФ делува заедно со Меѓународната банка за обнова и развој, со цел воспоставување стабилен систем на меѓународни односи.

ММФ  има директор којшто во исто време е и претседател на Управниот одбор. Тој се избира од страна на членовите на Управниот одбор со мандат од 5 години. Управниот одбор се состои од 24 члена и секој од нив претставува една земја или пак група земји.

Петте основни цели на ММФ се:

  • промовирање на меѓународната монетарна соработка;
  • олеснување на проширувањето и балансиран раст на меѓународната трговија;
  • промовирање девизна стабилност
  • помош во воспоставувањето мултилатерален систем на плаќања
  • обезбедување ресурси на членовите кои имаат потешкотии при плаќање.

Република Северна Македонија е членка на Меѓународниот монетарен фонд од 14 декември 1992 година.

Закон за изменување и дополнување на Законот за правно наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд, објавен во „Службен весник на РМ“, бр.52/2009;

Закон за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето кумулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со резолуција на Одборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд бр. 64-3 и бр. 52-4, објавен во „Службен весник на РМ“, бр.118/2010;

Закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд, објавен во „Службен весник на РМ“, бр.118/2010.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.