Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, со својот економски тим, оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Ваутер Пломп.
На средбата беше истакната поддршката за реформските процеси и приоритети на новата влада во областа на јавните финансии.
Македонија е активен член на холандското изборно тело во Меѓународниот монетарен фонд и во Светска банка.