7 февруари 2018 година, Скопје – Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, заедно со својот економски тим, денеска оствари средба со тимот на Светска банка предводен од директорот на СБ за Македонија, Марко Мантованели.

 

На средбата се говореше за новата долгорочна соработка на Република Македонија и Светска банка која во себе опфаќа финансиска, техничка и организациска поддршка на реформските процеси и проекти во РМ.

Воедно, двете страни дискутираа и за наодите од работната верзија на студијата на Светска Банка за системска дијагностика на земјава.

Учесниците на состанокот уште еднаш ја потврдија одличната соработка помеѓу Владата на РМ и Светска банка и заложбите за нејзино понатамошно продлабочување.  

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.