Кавадарци, 28 август 2015 (МИА)  Кавадарци е една од општините во која имаме најмала невработеност, оцени денес вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на Договорот за реконструкција и доградба на едно основно и две средни училишта во општината.

– Кавадарци е општина во која имаме многу вработувања, пред сè во „Дрекслермаер“ каде бројката на вработени надмина 5.000 лица, а со последната најава дека во септември ќе има уште 500 вработувања ќе се приближиме до околу 6.000 работни места, што е извонредно голем број вработувања. Исто така, над 100 кавадарчани најдоа работа и преку проектот „Македонија вработува“, истакна вицепремиерот Ставрески.

Тој додаде дека општината се движи во добра насока и оти се создаваат подобри услови за живот за граѓаните на Кавадарци.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.