Скопје, 24 септември 2014 (МИА) – Финансиските зони во Македонија ќе бидат формирани по терк на Луксембург и позитивно ќе влијаат на економскиот раст, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

– Покрај растот на бруто домашниот производ, се очекува ефект за креирање работни места и тоа за лица со соодветно образование во делот на економијата, правото, сметководството и во делот на давање услуги за вработените таму и слично. Во Луксембург, 25 проценти од БДП се создава од вакви финансиски услуги, а регистрирани се над 3.840 инвестициски фондови и креирани се 44.000 работни места, вели Ставрески.

Тој потенцира дека Луксембург станува скап и оти тоа е шанса на Република Македонија. Зоната во Македонија ќе се формира со закон предложен од Владата и донесен од Собранието.

– На овој начин ќе овозможиме да се создаде уште еден центар за креирање работни места и за привлекување странски капитал што ќе ја етаблира Република Македонија на соодветно место на финансиската мапа во Европа и во светот, вели Ставрески во изјава за радио Слободна Македонија.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.