Прилеп, 16 март 2016 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека наскоро ќе почне изградбата на патот Прилеп- Градско, во должина од 33 километри.

– За Прилеп, еден од најзначајните проекти ќе биде изградбата на патот од Градско кон Прилеп, кој очекуваме набрзо да почне. Се очекува фирмата изведувач да ја достави банкарската гаранција и потоа ќе почне изградбата. Се работи за 33 километри нов пат во делот на Дреновска клисура, која ќе се избегне, рече Ставрески.
Патот ќе биде со четири ленти и, како што нагласи, ќе овозможи ново, инфраструктурно поврзување со автопатот и со Скопје.

Comments are closed.