05 Јуни 2019, Брисел – Креираме европски систем на јавни финансии, преку спроведувањето на Стратегијата за управување со јавните финансии. Јавниот долг е ставен под контрола, обезбедивме фискална транспарентност, креиравме нов европски закон за јавни набавки. Министерот за финансии истакна и дека за релативно краток период од две години се направени реформи во јавните финансии кои Европската Комисија ги препознава.

  • Според последниот извештај на Европската комисија Владата го подобри управувањето со јавните финансии. Во извештајот јасно се потенцирани клучните реформи како пензиската и даночната реформа, потенцирана е и транспарентноста во јавните набавки, како и подобреното таргетирање на социјалните транфери. Сето ова носи кон стабилен и квалитетен систем на јавни финансии. – истакна Министерот за финансии, Драган Тевдовски.

 

Comments are closed.