Почитувани,
Почитувани,
Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за добивање на привремени или трајни уверенија за сметководител, односно за овластен сметководител може лично да поднесат барање до писарницата на Министерството за финансии или да го испратат на адреса: Министерство за финансии бул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.50 1000 Скопје.
Со Образец за поднесување барање апликантите треба да поднесат:
- Доказ за завршено образование
- Потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж или Изјава за вкупен работен стаж (ако лицето смета дека има поголем работен стаж од наведениот во потврдата од Агенцијата)
- Потврда од работодавач за работно искуство во сметководствени работи
- Доказ за уплатен надоместок
Надоместокот зависи од видот на уверението, согласно условите кои лицето ги исполнува.
Привремено уверение за сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или високо образование и 1 година работно искуство, а надоместокот ќе изнесува 300 денари.
Привремено уверение за овластен сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, или вишо образование и работно искуство од 8 години, или високо образование и 3 година работно искуство, а надоместокот ќе изнесува 500 денари.
Трајно уверение за сметководител, или овластен сметководител, ќе се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи, а надоместокот ќе изнесува 1000 денари.
Средствата може да се уплатат со намена „за добивање на сертификати за сметководители“ на сметката на Министерството за финансии:
090010016763117 приходно конто 725939 програма 10.
Можноста за аплицирање за уверенија трае до 3 февруари 2013 година.
Закон за вршење на сметководствени работи