Почитувани,
Ве известуваме дека Министерството за финансии, во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за поддршка на стопанството и одржување континуиран дијалог со бизнис заедницата во Република Македонија, спроведува нов циклус средби со компании и со физички лица на кои им е потребна помош во постапката за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. Во рамките на овој проект, значителен број компании успешно ја завршија постапката за приватизација и земјиштето на кое се лоцирани нивните производствени и административни капацитети сега е во нивна сопственост.
За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани физички и правни лица во Република Македонија кои имаат проблеми од имотно-правен карактер, во периодот од 1 до 10 октомври 2015 година да се пријават на следните контакти:
Министерство за финансии – Управа за имотно-правни работи: тел. 02/3255-669 или е-пошта: irena.stepanoska@finance.gov.mk и magdalena.babanovska@finance.gov.mk.
Со пријавените физички и правни лица дополнително ќе бидат остварени средби во Управата за имотно-правни работи со цел наоѓање решение на конкретните проблеми од имотно-правен карактер.
Со почит,
Министерство за финансии
Управа за имотно-правни работи