Со цел да се изврши авансната исплата на паричната помош на лицата од подрачјата зафатени со поплавите што се случија на 6.8.2016 година, Министерството за финансии ги повикува лицата што биле евидентирани од страна на Комисијата за проценка на штети да дадат известување во која деловна банка сакаат да им се исплати паричниот надоместок.
Исплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за којашто лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација (лична карта, патна исправа).
За таа цел, евидентираните лица од приложените списоци доставени од страна на Комисијата за вршење проценка на оштетувања на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силното невреме и поплавите во Скопскиот и во Тетовскиот регион, треба да го пријават изборот на деловна банка на следните контакт телефони:
02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743, 02/3255-742
– сабота 20.8.2016 од 9 до 17:30 часот
– недела 21.8.2016 од 9 до 17:30 часот
– понеделник 22.8.2016 од 8:30 до 19 часот
Со почит,
Кабинет на министер за финансии, Кирил Миноски