Јапонската кредитна агенција JCR (Japan Credit Rating Agency) со позитивна прогноза за кредитниот рејтинг на Република Македонија. JCR ја оцени земјава со ББ+ со стабилен изглед, односно ги потврди очекувањата на „Standard&Poors“ за одржување на актуелната кредитна способност на Македонија во иднина.

&nbsp

Својата оценка Јапонската кредитна агенција ја заснова на резултатите постигнати со континуираните економски реформи на Владата, прудентната фискална политика и умереното ниво на задолженост, како и на намалувањето на дефицитот на тековната сметка и одржувањето на нивото на девизните резерви на четири-месечна покриеност на увозот. Прогресот на земјата е потврден и во контекст на евроинтеграцискиот процес и препораката на Европската комисија за добивање на датум за преговори за членство.

&nbsp

Јапонската кредитна агенција забележува и дека од земјите од Централна и Источна Европа, Македонија е најмалку погодена од економската и финансиска криза, токму поради успешното спроведување на соодветни мерки од страна на Владата, помалата зависност од надворешниот долг и ниска изложеност на екстерни ризици.

&nbsp

Стабилниот кредитен рејтинг е добар сигнал за странските инвеститори заинтересирани за вложување во земјава, влијае на каматната стапка по која земјата позајмува на кредитниот пазар, како и на вкупниот економски и политички имиџ на Република Македонија.

Comments are closed.