Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ќе земе учество на Самитот на министри за финансии и гувернери на централни банки во Југоисточна Европа, кој се одржува денеска во Бечичи, Црна Гора.Во македонската делегација е и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Петар Гошев.
 
Теми на самитот се како глобалната криза влијаела на економиите во регионот, кои мерки се преземаат за „оживување“ на банкарскиот сектор, на кој начин може да се се стимулира растот во реалниот сектор и кои мерки ги имаат преземено централните банки во регионот, кои се плановите за државниот буџет во 2010, како сето ова ќе влијае на евроинтеграциите и како може да се стимулира регионалната соработка.
 
На конференцијата учествуваат и министрите за финансии на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и гувернерите на Централните банки на воие земји.