Скопје, 5 декември 2012 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе учествува на Самитот во Брисел под наслов „Напредок на Балканот: Битка за справување со влијанието од кризата“.

 

Како што соопшти Министерството за финансии, на Самитот ќе се дискутира за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, преземање цврсти мерки за стимулирање на деловното опкружување, како и за енергетската ефикасност како клуч на посеопфатен напредок.

 

На Самитот ќе учествуваат и Ивица Дачиќ, премиер и министер за внатрешни работи на Србија, Стефано Санини генерален директор за проширување на Европската Комисија, Мирослав Лајчак вицепремиер и министер за надворешни и европски прашања на Словачка, Борис Вујчиќ гувернер на Народна банка на Хрватска, Горан Свилановиќ новоименуван генерален секретар на Советот за регионална соработка и други еминентни личности од политичката, банкарската и бизнис фелата

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.