Владата ќе го разгледа барањето за поддршка од буџетот со 3,5 милиони евра што го упатија неодамна бизнисмените од зоната Визбегово и ќе настојува да најде финансии за помош на таа група бизнисмени, но и за сите што сакаат да инвестираат во Македонија.

&nbsp

Тоа го изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања по засадувањето дрвца на локалитетот Марково Крувче на Средно Водно, како дел од акцијата „Ден на дрвото“.

&nbsp

Според Ставрески, со оглед дека буџетот за следната година бил подготвен пред да биде упатено тоа барање, ќе се настојува финансии за таа намена да се одвојат со ребаланс или на друг начин.

&nbsp

– Средствата за 2011 година се распределени врз основа на проекциите и предлозите кои дојдоа во текот на правата половина од годината бидејќи таков е буџетскиот процес, но, како и за сите други барања од бизнисмените ќе го разгледаме и тоа барање и ќе настојуваме во натамошните ребаланси на буџетот или слично да најдеме средства да помогнеме и за таа група бизнисмени како и за сите други кои планираат да инвестираат во Македонија, изјави Ставрески.(МИА)

Comments are closed.