Скопје, 7 септември 2016 (МИА)Министерството за финансии денеска по основ на доспеани државни хартии од вредност врати 1,78 милијарди денари или 29 милиони евра.

Согласно календарот за хартии од вредност објавен на веб страницата на Министерството за финансии, до крајот на месецот доспеваат за исплата 8 аукции, додека закажани се три нови аукции.

Од Министерството за финансии вчера посочија дека во интерес на намалување на нето задолженоста по однос на државни хартии од вредност изминатиов период откажани се 6 аукции предвидени во календарот.

На вчерашната аукција побарувачката на државни хартии од вредност од страна на банките ја надмина понудата за 5 милиони евра. Од Министерството велат дека оваа разлика ќе влезе во ставката депозити за следната година.

Comments are closed.