Сектор за буџети и фондови
Примарна задача на Секторот за буџети и фондови е креирање на фискалната политика, управување со јавните финансии и унапредување на буџетскиот процес. Во овие рамки основна надлежност на Секторот за буџети и фондови е подготовка на Предлог буџетот на Република Северна Македонија во целина и негово доставување до Владата на Република Северна Македонија.
Во рамките на Секторот се вршат и други позначајни работи кои се однесуваат на:
- закони со кои се уредува постапката за подготовка, донесување и извршување на Буџетот на Република Северна Македонија,
- фискална стратегија за среднорочен период од три години со која се предлагаат насоките и целите на фискалната политика и се утврдуваат износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства,
- буџетски циркулар, со кој се даваат упатства и насоки за подготвување на буџетските барања,
- завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија, во која се презентирани реализираните приходи и извршените расходи на сите сметки на Буџетот на Република Северна Македонија, споредени со проекциите на приходите и одобрените расходи,
- мислења, информации и извештаи по програми, одлуки и материјали во врска со Буџетот и буџетската политика,
- анализи на буџетските приходи и расходи и проучување на ефектите од предложените законски решенија во областа на буџетската политика,
- одобрување прераспределби и проширувања на буџетите на буџетските корисници согласно начелата на економичност и ефективност,
- следење и контролирање на исплатата на платите кај буџетските корисници,
- анализи и информации за јавните инвестиции,
- обработување и анализа на приходите и расходите на локалните власти, како и подготовка на законска регулатива за финансирање на ЕЛС,
- следење на работењето на јавните претпријатија, агенциите и трговски друштва основани од државата во однос на наменското користење на нивните финансиски средства.
Вера Проковиќ
Раководител на сектор
02/3255-517
verica.prokovic@finance.gov.mk
Аница Иваноска-Стрезовски
Помошник раководител на сектор
02/3255-519
anica.ivanoska@finance.gov.mk
Маја Аргировска
Помошник раководител на сектор
02/3255-546
maja.argirovska@finance.gov.mk
Тоше Пановски
Одделение за буџет и буџетска политика
02/3255-520
tose.panovski@finance.gov.mk
Љубица Јовчевска
Одделение за буџети на фондови
02/3255-531
ljubica.jovceska@finance.gov.mk
Вукица Савевска
Одделение за буџети на единиците на локалната самоуправа
02/3255-535
vukica.saveska@finance.gov.mk
Маја Аргировска
Одделение за анализи
02/3255-546
maja.argirovska@finance.gov.mk
Весна Крапчовска
Одделение за јавни претпријатија и агенции
02/3255-550
vesna.krpacovska@finance.gov.mk
Исак Синани
Одделение за планирање и следење на јавните инвестиции
02/3255-544
isak.sinani@finance.gov.mk