15 ноември 2018, Скопје – Утре, (петок 16 ноември 2018) ќе се одржи јавно доделување на наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето ‒ 1 ноември.

На доделувањето на наградите на учениците, ќе присуствуваат министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерот на Народната банка на РМ Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски.

Настанот ќе се одржи со почеток во 13.00 часот во Министерството за финансии.

Comments are closed.