Вашингтон, 9 октомври 2016 (МИА) – Министерот за финансии Кирил Миноски учествуваше на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

Миноски оствари повеќе средби со инвеститори што се постоечки купувачи на еврообврзниците што ги издава Република Македонија, како и со претставници на ММФ и на Светска банка и притоа разговарале за економските политики што ги спроведува македонската Влада, како и за идните проекти што ќе бидат усогласени со целите што ги поставуваат овие две меѓународни институции.

– Најголем дел од приоритетите што ги има Владата на Република Македонија во економијата се целосно усогласени со приоритетите на Светска банка. Размислуваме за проекти во кои главниот фокус ќе биде развојот на приватниот сектор, поврзувањето на домашните компании со компаниите во слободните економски зони, проекти во областа на изградба на патишта, јакнење на енергетската ефикасност, како и за проекти со кои ќе се придонесе за дигитализација на проектите што го нуди Владата на Република Македонија, изјави Миноски.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.