30 јули 2019, Скопје – Заменик-министерката за финансии Ширет Елези денеска оствари средба со делегацијата од буџетскиот сектор на Претставничкиот дом на САД, г-ѓа Шаланда Јанг и г-ѓа Кристи Џ. Антони.
На средбата со директорката на секторот на Комисијата за буџет во службата на Претставничкиот дом на САД Шаланда Јанг и раководителката на Одделот за буџетско планирање Кристи Џ.Антони беа размненети искуства за буџетското работење во двата система.
Заменик-министерката Елези ги информираше за реформите што се прават во рамки на Програмата за управување со реформите во јавните финансии, со цел зајакнување на системот на јавни финансии во земјава, а токму тој чекор беше поздравен од страна на делегацијата.