19 ноември 2019, Женева – Заменик-министерката за финансии Ширет Елези, заедно со претставници од Министерството за финансии присуствува на 12-тата Конференција на УНКТАД за управување со долгот, во Женева.
Оваа Конференција, организирана од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија и развој, се одржува секои две години и претставува форум за размена на искуства меѓу владите, меѓународните организации, академијата, приватниот сектор и граѓанското општество за тековните прашања од областа на јавните финансии и управувањето со долгот. ж
Оваа година, Конференцијата ќе се осврне на важни прашања како што се неодамнешните иницијативи за транспарентност на долгот, политиките за поддршка на долгорочната одржливост на долгот, тековните трендови во разоткривањето на должничките кризи во земјите во развој, како и улогата на меѓународната заедница во зајакнување на управувањето со долгот.
Конференцијата ја отвори Заменик – Генералниот Секретар на УНКТАД, Изабел Дурант, а збор ќе земат високи претставници на националните институции, експерти, академици, претставници на меѓународните и регионалните организации и невладиниот сектор. На конференцијата учествуваат министри за финансии и претставници од над 100 земји низ светот.